Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2021 година се сведува на расфрлање на пари за непродуктивни цели

Во Буџетот за следната година воопшто не гледам дека некаде во некоја ставка има предвидено пакети за следната година, истакна вечерва во интервју за Сител поранешната дополнителна заменик-министерка во техничката Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Гордата Димитриеска Кочоска.

Според неа, најважно е да се детектираат најпогодени дејности од економските последици од корона-кризата.

- Многу е битно во делот на УЈП да ги детектира оние дејности кои што се многу погодени и посебно да обрне внимание на данокот на добивка, затоа што секое одолговлекување од месец за месец за одлагање на данокот и нивната обврска да го плаќаат данокот само им прави оптоварување и на некој начин им ја пореметува и онаа ликвидност која и во овој момент им е отежната и ако тоа не го спроведат до крајот на годината, тогаш за следната година ќе биде без предметно зошто фирмите кои годинава имаат мали добивки односно загуби, следната година нема ни какви аконтации на данок да плаќаат, а кои ќе бидат тие фирми, оние кои што беа најпогоден во 2020 година, рече Кочовска.

Според неа, буетот за 2021 година се сведува на расфрлање на пари за непродуктивни цели, додавајќи дека вака поставен нема да ја доведе македонската економија до стапка на раст од 5,95 отсто во 2025 година.

ас не гледам ништо што е паметно во целиот овој Буџет затоа што развојно нема ништо. Се повторно се сведува на расфрлање на пари за непродуктивни цели и тоа нема да не доведе до стапка на раст од 5,95 проценти како што е повторно наведено во овј Буџет за 2025 година, во кој што вели дека целта на оваа влада е преку ваквиот развоен Буџет 2025 година да ја завршиме со 5, 95 проценти стапка на раст со БДП и тоа не може да се случи со ваков буџет, рече таа.

Појасни дека следната година ќе има голем дефицит.

ште една забелешка ние имаме за 2021 година 570 милиони евра дефицит или ново задолжување. Во суштина ваквиот начин на проектирање не враќа само години наназад бидејќи ние ги расфрламе на некој начин парите кои што ги оставаме на терет на идните генерации бидејќи задолжувањата ќе треба тие да ги враќат, рече Кочоска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2020 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега