Димитриеска-Кочоска до Ковачески: Нема економски раст додека владее заевизмот

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, преку статус реагираше на изјавата на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски во која најави дека оваа година македонската економија ќе има раст над 4%.

„Го читам Ковачевски, инаку се уште заменик министер за финансии, како сега како мандатар најавува економски раст за оваа година од над 4% па се чудам.

Прво, зошто не се држи до 4,6% колку што проектираше Министерството за финансии во коешто, ќе повторам, се уште е заменик министер? Па почеток на година е, а Ковачевски веќе бега од проектираната бројка.
Второ, се фали со даноците. Ајде Ковачевски бидете доблесни и кажете кои даноци точно. Дали зборувате за ДДВ кое е резултата на инфлацијата и повисоките цени? Увозните давачки кои се исто така повисоки поради повисоките цени? Прецизирајте, ве предизвикувам“, пишува Димитриеска-Кочоска.

„Ајде кажете и колку собравте од данокот на добивка? Колку потфрливте? Дали едвај успеавте да реализирате 90% од планираното? И сега со вакви огромни сметки за струја и исцрпување на целата ликвидност на компаниите очекувате тие да инвестираат? Значи една од компонентите за раст на БДП ја нема, а тоа се бруто инвестициите.
Што е со личната потрошувачка? Нејзе ќе ја изеде инфлацијата, што значи дека и тука нема никакви очекувања. Увозот расте и ќе расте. Масло на оган е увозот на струјата која дополнително го оптеретува трговското салдо.
На што се должи над 4% стапката на раст?
Нема раст, Ковачески, има само црни сценарија за Македонија со СДСМ на власт. Па бил ти мандатар или премиер, сеедно, нема раст додека владее заевизмот!“, се додава во нејзиниот статус на Фејзбук.

04.01.2022 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега