Димитриеска - Кочоска: Зоран Заев знаел за пропаѓањето на банката и не превземал ништо за да ја спаси од пропаст, блокирани се над 100.000 сметки

Вториот ТАТ, скандалот со банката Еуростандард се продлабочува. Имено, Зоран Заев призна дека како премиер имал информации за лошата состојба во банката речиси пред една година, истакна денеска на прес-конференција претседателката на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Kочоска.

Според неа, министерката за финансии Нина Ангеловска веќе изјави дека немала информации за пропаѓањето на банката.

-Оттука се поставува прашањето кој ја лаже јавноста, Заев кој вели дека имал информации и добивал извештаи, или министерката за финансии која вели дека немала информации а која само месец и половина пред пропаѓањето на банката ги повлекла средствата. Зоран Заев е должен да одговори кој му ги давал извештаите за состојбата со банката: Дали гуверерката го информирала за банката и по кој основ, или министерката за финансии која пак вели дека не знаела за банката иако е дел од Комитетот за финансиска стабилност?, прашува Кочоска.

Вели дека ако Заев знаел за пропаѓањето на Банката тогаш тој бил и најповикан да ја спаси од пропаст банката во која пропаднаа заштеди и се блокирани над 100 илјади сметки.

-Со пропаѓањето на банката блокирани се над 50 илјади сметки на пензионери а до сега само 10 илјади луѓе имаат отворено сметка во друга банка и пријавено во фондот за пензиско осигурување. Што ќе се случува со пензионерите кои нема навреме да ја земат својата пензија? Бараме обвинителството и финансиската полиција да отворат случај за пропаѓањето на банката и кој се бил инволвиран во скандалот. Дополнително да се испита зошти нема ревизорски извештај банката за 2019та година и зошто свесно тоа се толерирало. Мора да се дознае кои се институции затаиле со својата работа, рече Кочоска.

Кочоска: Заев знаел за пропаѓањето на банката и не превземал ништо за да ја спаси, блокирани 100 000 сметки

Posted by Press24.mk on Friday, 21 August 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2020 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега