Димитриев: Кој го убива правосудниот систем, на еден начин ја убива и државата

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев посочи дека е време за реални реформи во државата, а доста е од реформи кои се користат како шминка.

-Моментално во Република Македонија правосудниот систем е клекнат на колена, секојдневно се случуваат афери, скандали, а не се решаваат. Скандал кој што денес Македонија ја тресе е скандалот со правосудниот систем. Правосудниот систем во Република Македонија влегол во зона во која што апсолутно не смее да помисли да влегува. Кој го убива правосудниот систем на еден начин ја убива и државата, истакна Димитриев.

Додаде дека воопшто не е за потценување моменталната состојба во нашата држава, од аспект на проблеми и афери но и скандали.

На Македонија не и треба шминка на промени, и требаат реални промени, кои што ќе го стават целокупниот потенција на општеството во функција на развојот на државата, појасни Димитриев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега