Димитриевски: Длабоко сум изненаден од моето континуирано неповикување на седниците на ЦО на СДСМ

 
 
„Длабоко сум изненаден од игнорантскиот однос и моето континуираното неповикување на седниците на централен одбор на СДСМ на кои особено вчера очекував да дискутираме за мојот статус во партијата и бараме решенија за најновите состојби во партијата“, реагира градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски преку статус на фејзбук.
 
„Ваквото непочитување на статутот недостаток на демократски капацитет на дел од раководството само ги потврдува моите сомнежи на лојалистичко клиентелистичкиот пристап кој воведува нов феномен на марионетски лидерства.
- Членството е тоа кое во една демократска и транспарентна постапка на евидентирање и кандидирање на кандидати за иден лидер на партијата треба да го има главниот збор до конечниот избор како и до сега“, се потеницира во статусот на градоначалникот Димитриевски.
 

27.11.2021 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега