Димитриевски: Нема да дозволам да се менуваат плочите со „бугарски фашистички окупатор“

Максим Димитриевски –актуелниот градоначалник на Куманово, во гостување на локална тв Плус, потенцираше дека додека тој бил градоначалник, немало да дозволи да ги менува спомен-плочите на кои пишувал „бугарски фашистички окупатор“, пишува „Слободен печат“.

„Во заштита на општината, како општествена личност, јас морав да го искажам својот став, бидејќи вчера помина 11 Октомври, луѓето кои се на спомен Костурница, тоа се наши предци, сите се убиени од страна на бугарскиот фашистички окупатор. Додека сум градоначалник ниту ќе дозволам, а ниту пак верувам дека било кој ако дојде после мене, ќе се осмели да го трга оној дел фашистички, бидејќи во тој период Бугарија била фашистички окупатор како составен дел на сојузот на тие фашистички сили. Не сакам да генерализирам за сите во Бугарија, бидејќи тоа е наш пријателски народ. Но, тој режим во тоа време, нашите партизани, нашите предци, се бореле против тој фашистички режим. Тој што сака да ја промени историјата може да ја менува историјата во неговиот дом и неговата куќа. Но, не и на нашата национална историја. Тоа се разликите“, истакна Димитриевски.

12.10.2021 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега