Димитриевски оди во втор круг во Куманово

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово, вечерва од Градскиот плоштад порача дека ќе се бори за победа во вториот круг на локалните избори.

Тој рече дека досега во аналитичкиот центар од вкупниот број на избирачките места коишто ги имаат обработено, концептот „За наше Куманово“ победува на повеќе од 70 отсто од гласачките места.

„Како независен кандидат повторно поддржан од граѓаните водам убедливо во првиот круг и очекувам на 31-ви октомври да добиеме уште поголема поддршка од граѓаните и да го потврдиме тоа“, рече Димитриевски.

Тој додаде дека советничката листа на концептот на граѓаните „За наше Куманово“ е убедлив победник на овие избори.

„Успеавме заедно со граѓаните на Куманово да ги победиме сите политички субјекти во градот, но за жал бевме соочени со големи притисоци. Дефинитивно се потврди тоа што го кажувавме цело време, дека МВРО не е минато во оваа држава, туку е МВРО на квадрат, но со „О“ на квадрат назад, и ќе им го вратиме МВР во вистинските рамки на граѓаните со потврдувањето на оваа победа на 31 октомври“, рече Димитриевски.

Димитриевски на локалните избори реши да се кандидира за втор мандат, но овојпат како независен кандидат, по што беше исклучен од матичната партија.

17.10.2021 - 23:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа