Димитров: Бугарија не смее да си дозволи да ѝ се врши притисок, проблемите се во Северна Македонија

Претседателот на мешовитата бугарско-македонска историска комисија, Ангел Димитров кажа дека Бугарија не треба да дозволи да ѝ се врши притисок, пишуваат бугарските медиуми.

„Ако сме сигурни во нашата позиција, тогаш треба да ја браниме истата. Ова е паршање на достоинство. По 2018 година двете делегации се таму, но има само средби, а не и заедничко чествување“, вели Димитров.

Димитров смета дека работата на космиијата е важна, зашто преку неа може да се решат политичките прашања.

„Мора да се сретнеме со нашите колеги, не може да очекуваме само Бугарија да прави гестови и чекори. Проблемите се во Северна Македонија. Катарзата мора да се одвива во нивната дрржава бидејќи се уште нема критичка анализа на сопственото минато“, вели Димитров.

23.05.2022 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа