Димитров на Твитер: Колку е тажно да ја гледате катедралата Нотр Дам во пламен

Колку е тажно да ја гледате катедралата Нотр Дам во пламен!, напиша на Твитер македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, изразувајќи солидарност поради пожарот што попладнево ја голта славната париска катедрала.

„Сета наша солидарност кон францускиот народ и сите католици. Храброст за пожарникарите што се борат да го спасат ова светско наследство“, напиша Димитров на француски јазик на Твитер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега