Димитров: Не сум историчар да кажувам дали Гоце Делчев е Бугарин

Никола Димитров, министерот за надворешни работи беше гостин во Топ тема на Телма Телевизија, а таму говореше за политичката ситуација.

Се осврна на  Договорот со Бугарија и работата на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија, и спорот кој настана за Гоце Делчев, па вели тој не бил историчар за да кажува дали Гоце бил Бугарин.

- Јас не сум историчар, а тука станува збор за еден од нашите најголеми херои, длабоко втелемен во нашата државност, кој дејствувал и кога не сме имале своја држава, рече шефот на дипломатијата и додаде дека идентитетско-културните прашања треба да бидат предмет на историчари и антрополози, кои ќе ги имаат предвид двете перспективи, изјави Димитров во Топ тема синоќа.

Тука, кај Гоце, процесот не оди така мазно, има проблеми на имплементација на еден важен и тежок Договор. Решението е да не влеземе во конфликт, туку да најдеме начин ние да ги разбереме нив и тие да не разберат нас, додава тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2019 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега