Димитров: Само тој што не весла има време да го ниша чамецот

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров по завршување на денешниот состанок на министрите на ЕУ кои не донесоа одлука за почнување преговори со Македонија, објави статус на својот Фејсбук.

Димитров го цитираше Жан-Пол Сартр и напиша:

-„Само тој што не весла има време да го ниша чамецот.” Жан-Пол Сартр.

Земјите членки на ЕУ не успеаја да се договорат за отворање на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, изјави попладнево министерката за надворешни работи на Финска Тити Тупураинен, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

– Прашањето за отпочнување на преговорите ќе биде дискутирано од страна на лидерите на ЕУ на Самитот кон крајот на неделава, нагласи Тупураинен на прес-конференција во Луксембург по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега