Димитров: Ветувам дека од првиот ден ќе дадам сè од себе за успешно да ја зграпчиме оваа историска шанса

Предлог вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров доцна синоќа преку Фејсбук порача дека му било чест што како министер за надворешни работи бил дел од историскиот пробив со членството во НАТО и зеленото светло за преговори со ЕУ.

-Со тоа ги зацврстивме државноста, темелите и безбедноста на нашата Македонија, Северна Македонија и го отворивме патот за европските стандарди да ги донесеме дома. Сакам јавно да им се заблагодарам на сите вработени и соработници во Министерството за надворешни работи, но и на сите вам кои ми дававте поддршка и мудрост кога ми беше најтешко. Човек е силен и способен толку колку што му се силни и способни тимот и пријателите. А токму на патот што допрва не’ чека сплотеноста ќе биде клучна. За мене, како човек кој целиот професионален живот го посвети на оваа идеја нема поголем предизвик од тоа да го водам најсуштинскиот и најважен државен процес. Ова е мојата должност, но и должноста на нашата генерација – да ги зацртаме чекорите, да ги впрегнеме најспособните и под светлото на процесот од ден на ден да се менуваме. Му благодарам на идниот премиер Зоран Заев и на СДСМ за довербата да бидам номиниран за вицепремиер задолжен за европски прашања, а вам ви ветувам дека од првиот ден ќе дадам сè од себе за успешно да ја зграпчиме оваа историска шанса. Одиме напред и ќе бидеме светол европски пример. Одиме напред, таму каде припаѓаме!, напиша Димитров.

Почитувани граѓани, Во изминатиот мандат, ми беше чест што како министер за надворешни работи бев дел од историскиот...

Posted by Никола Димитров - Nikola Dimitrov on Thursday, 20 August 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2020 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега