Димковски од Ресен: Земјоделството се модернизира

Мерките во земјоделството се на прав пат. Инвестираме во модернизација на земјоделството. Токму овде во Ресен работиме за изградба на  нов откупен-дистрибутивен центар со капацитет од 5 до 8 илјади тони со што ќе се зголеми конкурентноста на производите од овој регион и ќе ги доближи до странските пазари,   рече членот на ЦО на СДСМ и Министер за земјоделство, водостопанство и шумарство, Трајан Димковски на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат“ во Ресен.
 
Димковски се осврна и на влoжувањето во промоцијата и потенцираше дека со новиот  Буџет за рурален развој од 400 илјади евра денес имаме буџет од 1 милион евра, за присуство на европски и светски штандови каде ќе се промовираат македонските производи, зеленчукот, овошните производи и виното.
 
Земјоделските задруги се финансирааат со 90 отсто субвенционирана машинерија. Овозможуваме земјоделецот да го врати својот дигнитет, да има помали трошоци, а поголем квалитет и покункрентно производство, заклучи членот на ЦО на СДСМ и Министер за земјоделство, водостопанство и шумарство, Трајан Димковски.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 22:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега