Димовска се сретна со Кристоф ле Риголе: Собранието на Македонија и Франција ја зајакнуваат парламентарната соработка
Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска и заменик-генералниот секретар на Собранието, Никола Ѓошевски, остварија средба со Кристоф ле Риголе, амбасадор на Француската Република.
На средбата се разговараше за можностите за унапредување на соработката помеѓу двата Парламента, како и интензивирање на билатералната соработка меѓу службите на двата парламента.
Особено се поздрави реафирмираната посветеност на Француската Република, како и зголемениот француски фокус кон нашата држава согласно Стратегијата за европска интеграција на земјите од Западниот Балкан.
Соговорниците разговараа за продолжување на соработката преку размена на експертиза и знаења со Националното собрание на Француската Република, особено во областа на Програмата за развој на собранискиот ТВ канал, зајакнување на административната поддршка за парламентарните комисии, унапредување на работата на Секторот за седници во Собранието, како и процесот на дигитализација на Собранието.
Собранието останува отворено и ќе ги поддржува иницијативите кои ќе придонесат за поголема соработка со Францускиот парламент, што е од заемен интерес на двете држави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа