Димовски: Доколку ВМРО-ДПМНЕ добие над 55 пратеници, ДУИ нема да биде клучен фактор за формирање Влада

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека ДУИ најмногу треба да бара брзи избори.

Димовски вели дека ДУИ не е во комотна позиција затоа што во анкетите може да се забележи дека разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се разликува.

„Разликите веќе достигнуваат 80.000-90.000 гласови. Мислам дека ДУИ е малце во цајтнот поради тоа што може разликата на изборите да биде толку голема меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ што ДУИ нема да биде клучен фактор. И јас мислам дека ДУИ не е во толку комотна позиција.“

03.06.2022 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега