Димовски: Груби може да ја спречи оставката на Заев
„Оставката на Заев може да биде стопирана“, изјави поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во вечерашното гостување на Канал 5, појаснувајќи дека го кажува тоа што Груби и Османи го повторија неколкупати во последните денови – дека не се согласуваат со оставката.
Според Димовски, досега сѐ што кажал Груби за Заев, испаднало точно.
-Веќе поминавме месец и повеќе од локалните избори, во кои немаме ефектуирање на политичката моќ на централната власт. Ова формирање на влада ќе трае уште повеќе од месец. Долго време е потребно за СДСМ да си ги регулира внатрепартиските односи и потребата да се испазари со Алтернатива. Тоа државата ќе ја чини четири месеци, рече Димовски во гостувањето во емисијата „Само вистина“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа