Димовски: Катастрофа во буџетот на здравство

СДСМ ги намалила за 62% средствата за капитални инвестиции во јавното здравство, предупредува поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, споредувајќи ги последните четири години, со претходните четири, кога на власт беше неговата партија.

„Во последните 4 години (2017-2020) во Македонија инвестициите што државата ги прави во јавното здравство се помалку од половина од инвестициите во претпоследните 4 години (2013-2016). Односно, во последните четири години државата потрошила средства во висина од само 38% од средствата за капитални инвестиции кои ги потрошила во претпоследните 4 години.

Државата, односно Владата предводена од СДСМ одлучила дека во јавното здравство треба да се инвестира многу помалку (за 62%) од инвестициите кои ги правела Владата предводена од ВМРО.

Во инвестициите во јавното здравство припаѓаат актуелните набавките на амбулантни возила, но и сите други инвестиции во објекти и средства за работа на јавното здравствоЈавното здравство го покажа своето значење со последната епидемија“, пишува Димовски.

Периодите кои ги зема како репер се од 2013 до 2016 година како прв репер период со владеење на ВМРО и втор период за споредба од 2017 до 30.09.2020, владеење на СДСМ (со исклучок на првите 5 месеци на 2017 година кога владее техничката Влада со доминантно учество на ВМРО).

„Еве ги податоците колку државата планирала и колку потрошила за инвестиции во јавното здравство:

2013 – 2016

планирани 118,7 милиони евра
реализирани 99 милиони евра

2017 – 2020

планирани 56,8 милиони евра
реализирани 38,1 милиони евра“, пишува тој.

Димовски алармира на, како што вели, фрапантното намалување на инвестициите во јавното здравство:

„Од 38,1 милиони евра инвестиции во јавното здравство во последните 4 години, дури 44% од реализираното за 4 години се во 2017 година (година кога буџетското планирање го прави ВМРО, а буџетското реализирање во најголем дел го прави СДСМ), или во сума 16,8 милиони.

Ако земем за пример дека во 2013 година од буџетот се направени инвестиции во јавното здравство во вредност од 36,6 милиони евра, во 2018 тие се 8,5 милиони евра, во 2019 тие се 6,5 милиони евра, а од 01.01.2020 до 30.09.2020 (година на криза и огромни потреби) повторно се инвестирани скромни 6,3 милиони евра“, вели Димовски.

Додава дека може слободно да се заклучи дека:

1. СДСМ ги намалила за 62% средствата за капитални инвестиции во јавното здравство;

2. За ова прашање очигледно недоволно се разговарало низ институциите на системот;
3. Недостатокот на инфраструктура во здравството е последица на намалените средства за инвестици, а одлуките за намалување на средства ги носат луѓе (свесно);
4. Заради вакви бројки, државата во време на Владеење на ВМРО имаше пари да купи 140 амбулантни возила, а во време на СДСМ само 12, стои во статусот на Димовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.11.2020 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега