Димовски: Нема да ја прифатам тезата дека ние сме средена држава

Вечерва во емисијата „Топ Тема“ гостуваше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кој посочи дека со залетаноста на оваа дипломатијата за овие две – три години, македонскиот народ не доби ништо за возврат.

Нема да ја прифатам тезата дека ние сме средена држава. Јас не знам дали има еден граѓанин надвор од зградата на Владата кој што мисли дека сме средена држава било во делот на правосудството, било во делот на функционирање на администрација, истакна Димовски.

Димовски додаде дека во Извештајот на ЕУ ги критикуваат овие две области. Тоа се забележувам се нотира, луѓето гледаат, чувствуваат. Владата не ги прифаќа пораките кои што ги праќа ЕУ преку Извештаите.

Залетаноста која што ја покажа македонската дипломатија во последните две – три години е на нездрави основи. Проценката не е направена точно. Заради тоа што цената која што ја плаќаме и она што ќе го добиеме за возврат не е тоа, тоа, нагласи Димовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2019 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега