Димовски: Нема што да се дебатира за онлајн седници, Уставот е јасен

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека воопшто нема потреба да се дискутира за онлајн седници на Собранието, бидејќи како што вели, Уставот е јасен.

 

Собранието нема никакви ингеренции да носи рестриктивни мерки, вели Димовски, коишто се однесуваат на заштита на здравјето на граѓаните, а којшто не ги оспоруваат нивните со Устав загарантирани слободи.

Опозицијата има одговорност пред граѓаните во секој случај, вели Димовски, но власта треба да обезбеди функионалност на институциите, и тоа треба да го стори некогаш и по цена на гордоста дека е власт.

-Нема што да се дебатира за онлајн седници. Уставот е јасен. Кој пратеник ќе седне да дискутира за онлајн седници тој не го прочитал Уставот. Гледам и по телевизии се водат дебати за тоа, но нема што да зборуваме за тоа, смета Димовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега