Димовски: Следната Влада од ВМРО-ДПМНЕ ќе треба длабоко да размисли

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека оваа Влада не покажала капацитет на помирување.

Според него, следната Влада ќе треба длабоко размислува.

„Оваа Влада не покажа капацитет на помирување, иако многу пати тоа беше тема на размислување, било тема и на дебати во Парламентот додека бев внатре. Следната Влада ќе треба длабоко да размисли, следната Влада претпоставувам ќе биде од сегашната опозиција односно од ВМРО-ДПМНЕ, ќе има предизвици, ќе има притисоци од членството, од симпатизерите и.т.н. да има, старите што би рекле мило за драго, но ќе треба многу сериозно да се размисли, да се најдат начини барем по базичните работи, да се отстранат овие последици од последниве пет-шест години владеење“, вели Димовски.

02.06.2022 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега