Димовски: Станавме дупка на Европа, станавме последно дно, нема полошо организирана Влада од оваа

Без разлика дали сте за или против вакцините, да кажеме дека многу европски држави, скоро сите, ДА, СКОРО СИТЕ, веќе почнаа со вакцинацијата против Ковид 19. Македонија нема да почне ниту до март... Која трагедија од неорганизирана држава ја направија, напиша некогашниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на својот Фејсбук профил.

„Да беше другото време, веќе ќе беа вакцинирани медицинските лица и хронично болните, а ќе бевме на почеток од вакцинирање на повозрасните граѓани (според своја воља, секако)...

Станавме дупка на Европа, станавме последно дно... Нема полошо организирана Влада од оваа...

Жално,ова треба брзо да се сруши за да се врати бар некаков ред...“, напиша Димовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.12.2020 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега