Димовски: Тројца од носителите на изборни листи на СДСМ соопштија дека власта тера по други патеки

Тројца од носителите на изборни листи на СДСМ од последните избори: Радмила Шеќеринска во ИЕ 5, Никола Димитров во ИЕ 1 и Билал Касами во ИЕ 6 јавно соопштија дека власта тера по други патеки од тие за кои добилa избори...Зоран Заев пак поднесе оставка бидејќи не можел да ги спроведува политиките за кои бил избран...Време е за нови избори..., напиша на Фејсбук поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

„П.С. ЛДП, ДС, ДОМ, ВМРО-НП не се откажуваат од власт па макар и од дома да им речат...

П.П.С. Алтернатива ќе ја спасува политичката кариера на двајца преостанати носители: Оливер Спасовски и Љупчо Николовски...“, напиша Димовски.

12.01.2022 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега