Димовски: Живееме во држава која навистина не функционира - 25 катастрофи во само 10 дена
Ако човек се потсети кои информации излегле или се видливи во само десетина последни денови навистина ќе го фати страв каде е заглавена државата, пишува на својот фејсбук профил Илија Димовски, член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен пратеник во Собрание.
„25 катастрофи во само 10 дена!
Ние живееме во држава која навистина не функционира. Власта е неспособна.
Во едно друго време само една ваква катастрофа ќе беше доволна за паника од страна на опозицијата, десетици прилози, десетина дебати, неколку настани на невладини организации, неколку протести, неколку дена дебати низ Собрание, притисок врз Влада и институции, испечатени анализи и студии, колумни од видни "експерти", фрлени чевли и пеени песни по улиците, стикери и флаери низ градовите,...
Опозицијата има поле за многу поквалитетна борба со оваа неспособна власт...
Еве ги катастрофите видливи само во последните десетина дена:
1. Во државниот буџет недостасуваат 920 милиони евра;
2. ДЗР потврди дека во СЈО незаконски се потрошени 4,6 милиони евра за додатоци на плати;
3. 40.000 изгубени работни места;
4. Скоро распаднат воспитно-образовен систем;
5. Македонија е на врвот во Европа по степен не ширење на зараза и по степен на смртност од Корона;
6. Само 35% од средствата предвидени во првите три антикризни пакети се употребени за својата цел;
7. Пад од незамисливи 12,7% на БДП во второто тримесечие (на врвот од рекордери во Европа по лоши резултати);
8. Цели 9% пад на индустриското производство%;
9. Пресуда и затворска казна и за вториот министер од ВМРО-ДПМНЕ во МВР, а и таа пресуда без постоење на никакво кривично дело и дејствие;
10. Добрила Кацарска (редок судија на кого му паднала одлука и пред Уставен суд) предложена за судија на Уставен суд;
11. Откуп на грозје по цена од 2 денари за килограм (во едни други времиња беше над 11 денари);
12. Капиталните расходи од буџетот скоро и да не се реализираат, со ребалансот по втор пат ќе се кратат;
13. Во овие месеци после изборите ниту автопатот за Охрид се гради, ниту оној за Блаце, ниту експресен пат за Прилеп;
14. Преспанското езеро исчезнува, повлечено е повеќе од 200 метри, а Владата не превзема ништо;
15. Месец октомври е, а не се превземени никакви превентивни мерки во борба со аерозагадувањето;
16. Власта спрема попис без консултации со опозициските партии;
17. Медицинскиот персонал масовно заминува од јавниот здравствен систем;
18. 68% од набавките поврзани со Ковид со незаконски постапки;
19. На дневна база полицијата или е тепана и навредувани, или тепа и навредува (како да сме држава надвор од Европа);
20. Странските директни инвестиции во Македонија во оваа година се 4 пати помали од инвестициите во Албанија;
21. Министерот за финансии ладнокрвно најави дека ќе ја пробиеме границата од 60% јавен долг (мастришки критериум за стабилни економии);
22. Кафулињата и клубовите на луѓе блиски до власта одржуваат забави и концерти надвор од сите протоколи, а сите други ја плаќаат казната за тоа;
23. Со изборот на замениците министри се потврди бинационалниот карактер на Владата;
24. Видовме слики од ГТЦ на кои се гледа како објектот зјае полупразен;
25. Во едно време државата носеше луѓе од Светска банка и од американски компании да вршат функции во Македонија, денес функционери на СДСМ бегаат од државата.“ пишува Димовски на фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа