Директор на училиште заработи кривична, го оштетил државниот буџет

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување заработи 41-годишниот Г.В., директор на училишта во Лозово.

-Во текот на јули 2020, пријавениот, додека бил директор на училиште во Лозово, без да донесе Одлука и да наложи на Комисијата за јавни набавки на училиштето да спроведе јавна набавка за купување униформа на учениците, го прифатил изборот на Советот на родители за најповолен понудувач, откако претходно прибрал понуди од пет оператори и средствата од државниот буџет во износ од 164.492 денари префрлени од Општина Лозово, ги исплатил на правно лице од Свети Николе, велат од полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа