Директорка на СЗО: Сите земји да го послушаат Путин и неговите мерки

Би било добро сите земји да обрнат внимание ина месрките за сузбивање на коронависрусот кои ги најави во обраќање до нацијата во средата, претседателот Владимир Путин, рекла претставничката на Светската Здарсвствена организација во Русија Мелита Вујновиќ.

„Сакав да кажам вчера, да го замолиме Путин да се обрати пред СЗО на сите земји“ рекла таа вчера вечер.

Според неа, СЗО веќе со години предупредува дека борба против глобални епидемии не е само здрасветсвена нега, туку подразбира и социјални и економски мерки кои Путин јасно ги наведе.

Таа додаде дека веднаш го претставила извештајот на службените лица на СЗО, кои биле „изненадени“ од обраќањето на Путин.

Таа, исто така, истакна дека СЗО ги следи практиките и стратегиите што ги спроведуваат државите, додавајќи дека СЗО може да извлече поуки од руското искуство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 08:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега