Директорката на кумановската болница позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на КОВИД-19.

– Позитивен резултат од тестот за САРС-КоВ-2. Без маска само дома, пет месеци работа – дома, но имунитетот попушти. Хроничниот стрес и премореноста си го направија своето. Чувајте се. Инаку, тестот го направив вчера напладне, благодарност до МАНУ за брзиот резултат, напиша Захариева.

Од почетокот на пандемијата во кумановската општа болница беше заразен поголем дел од здравствениот персонал. Одделенијата работеа со редуциран кадар, доаѓаа лекари од други градови. Состојбата по извесен период се стабилизираше. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега