Директорката на охридската болница: Не гледам вина кај мене, за разрешувањето дознав од медиумите

Директорката на охридската болница, Славица Малеска во изјава за „А1он“ вели дека не гледа вина кај неа за случувањата со стружанката која почина од коронавирус, а чии роднини тврдеа дека била одбиена да биде примена во инфективното одделение и покрај влошената состојба. Таа вели дека за нејзиното разрешување кое го најави министерот за здравство, Венко Филипче, дознала од медиумите.

„Подготвуваме известување до министерството, иако не беше побарано од нас. Изјавата од раководителот на Инфективното одделение исто така е во Министерството за здравство. Нека се произнесе министерот, би сакала тоа да излезе од негова уста. Јас не гледам вина кај мене. Не ми е доставено известување од началникот на инфективното одделение за тоа дека пациентка била одбиена да биде примена. За случајот првпат слушнав откако излезе во порталите“, вели Малеска за „А1он“.

Ексдиректорката не сакала да ги коментира случувањата со пациентката од Струга, бидејќи како што кажа, не сака да го прераскажува нејзиниот колега кој до Министерството за здравство го опишал настанот. Малеска за нејзиното разрешување не гледа оправданост.

„За моето разрешување чув од медиумите. Сметам дека во овие услови, министерот има право за секакво постапување. Оправданоста за разрешувањето гледано од мој аспект, можам да кажам дека е без вина“, посочи разрешената директорка Малеска.

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена денеска и ќе биде поставен нов директор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 08:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега