Директорот на Airbnb: Бизнисот кој го градевме 12 години пропадна за шест недели

Можете да поминете децении градејќи го својот сон, а светот може да го уништи со нешто толку случајно, како што  е пандемија од непознат вирус. Токму тоа му се случи на Брајан Чески, директор на Airbnb, со доаѓањето на Ковид-19 годинава.

„Ни требаа 12 години за да го изградиме Airbnb, а изгубивме речиси се за четири до шест недели“, рече Чески во интервју за Си Ен Би Си, укажувајќу на тоа дека компанијата се подготвувала за излегување на берза (ИПО) оваа година, а сега сето тоа останало да „виси“ во воздух.

Чески исто така напомена дека Airbnb се соочува во неизвесна иднина поради стравот од епидемијата кој се чувствува ширум светот, додавајќи дека „туризмот каков што сме го познавале е готов“.

„Не сакам да кажам дека повеќе нема да има патувања, тука дека моделот кој сме го познавале е мртов и нема да се врати. Во иднина ќе седнеме  во нашите автомобили, ќе возиме неколку километри и ќе отидеме во најблиското место за одмор“.

Чески напомена дека Airbnb, барем во САД, веќе се опоравува, но не сака да има „лажна надеж дека неговата компанија е апсолутно надвор од опасноста“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 23:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега