Директорот на ОМД: Видно беше дека граѓаните на Благоевград немаа ништо против отворањето на клубот „Никола Вапцаров“

Директорот на ОМД за Македонија, Гордан Јорданов, вчера учествуваше на отворањето на Македонскиот културен клуб во Благоевград. Тој денеска на социјалната мрежа „Фејсбук“, пишува за импресиите и личните заклучоци од отворањето на клубот.

Директорот на ОМД, Јорданов вели дека било видно, дека граѓаните на Благоевград немале ништо против отворањето на клубов „Никола Вапцаров“.

„Вчерашниот настан при отварањето на македонскиот клуб “Никола Вапцаров” во Благоевград мене како млад човек ми поттикна дилема која видно ме зачуди, како и ме инспирираше да ја споделам со моите пријатели.
На вчерашната средба со сите официјални и неофицијални лица покажа колку македонската култура е голема и сплотувачка кога е обединета. Лидери на партии, лидери на организации и неофицијални друштва, професори и поранешни амбасадори, сите заедно, разговараа и се поштуваа како Македонци, ширејќи ја позитивноста на културата и нејзиното глобално дејство.
 
Тоа мене ми покажа дека Македонија без разлика на никакви политички или идеолошки толкувања, сега, повеќе од било кога мора да изготви културно-едукативна национална стратегија, која ќе ги сплоти и обедини сите Македонски граѓани без разлика на своја домашна етничка, верска, полова или било каква друга припадност.
Стратегија која ќе ги учи децата и возрасните како да ја сакаат својата држава и ги почитуваат своите културни и историски знаменитости и дела, затоа што само тоа ги прави горди граѓани на една европска земја која ги почитува сите оние кои се раѓаат и живеат во неа“, пишува Јорданов на својот Фејсбук профил.
 
Во постот, директорот на ОМД потенцира дека имало единство а не поделба, „вчера имаше една цел, а тоа е ширење на македонска култура за меѓусебно почитување, а не омраза“, додава тој.
 
„Видно беше дека граѓаните на Благоевград немаа ништо против овој културен клуб и видно беше кој стои зад овие вештачки креации на бугарски закани.
Нема потреба да го именуваме, само би било коректно Европската Унија да направи евалуација за однесувањето на нејзините пратеници“, дециден е Јорданов.
 

31.10.2022 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега