Дисциплинска за полицаецот кој не го спроведе Божиновски на денешното судење за „Титаник“

Дисциплинска постапка е отворена за одговорниот од полициската станица Центар, кој денеска не го спроведе обвинетиот Кирил Божиновски во Кривичниот суд, на судењето за случајот „Титаник“, информираат од МВР, пренесува „Фокус“.

На денешното рочиште не беше спроведен ниту екс министерот Миле Јанкиски, кој исто така е во домашен притвор, но од МВР велат дека за него воопшто не стигнала наредба за спровод, додека за Божиновски имало, но не било постапено.

Сепак, и доколку обвинетите беа однесени на судење, рочиштето ќе се одложеш, бидејќи во истиот термин имало закажено и друго судење, а во двата совети учествувал ист поротник.

Судењето за „Титаник“ е во фаза на изведување на материјални докази.

Освен Јанакиески и Божиновски, во овој случај обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2019 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега