Дневен хороскоп: Еден знак е „затрупан“ со обврски

ОВЕН

Во афект и во караница со надредените лесно може да дојдете до отказ. Тешко ја остварувате емотивната стабилност, иако за неа многу мечтаете. Не излегува ништо онака како што очекувате. Проблеми со кичмата поради префосираност.

БИК

Полека го губите интересувањето за некои работи за кои порано сте биле загреани. Сега имате на ум иновации, нови проекти кои се блиску до остварување. Може да запознаете многу интересна личност преку пријатели. Можни грчеви во мускулите. Внесувајте повеќе минерали.

БЛИЗНАЦИ

Не сте во свој елемент, концетрацијата ви паѓа и тешко ги обавувате и најосновните работи. Поволен ден за сите оние кои се во врска на далечина или остваруваат познанства со партнерот преку друштвените мрежи. Внимавајте на црниот дроб.

РАК

Не се држите по планот кој сте го имале, затоа што сте станале свесни дека некои работи мора да се прилагодуваат на реалните околности. Важна е флексибилноста, но мора да постои и резервен план. Имате неочекуван развој на случувањата на љубовното поле. Чувствителен урогенитален тракт.

ЛАВ

Се потпирате на работниот партнер, можеби и малку повеќе од што треба. Проверете ги своите работи. Може да бидете непријатно изненадени. Саканата личност покажала многу повеќе разбирање за вас и има пријателски пристап. Можни промени на кожата.

ДЕВИЦА

Имате многу работа, преоптоварени сте и под голем стрес. Нема да стигнете се на време. Стравувате дека вашата врска ќе падне во фаза на монотонија и многу ви е тешко да се изборите со тие несигурности. Пад на имунитетот е можен.

ВАГА

Вам ви е поволен денот, имате некои олеснителни околности при одработување на работните задачи. Задоволни сте. Лесно се впуштате во љубовна врска. Можно е да се работи во предизвикувачка и шармантна колешка. Кардиоваскуларниот систем е чувствителен.

ШКОРПИЈА

Неповолен ден, особено ако се занимавате со приватна работа. Очекувајте разни компликации и отежнувања. Станувате се помалку заинтересирани за однос со партнерот. Попрво би се дружеле со пријателите. Чувствителен стомак и систем за варење на храната.

СТРЕЛЕЦ

Очекувајте прилично интересен ден. Можна прилика за ново работно место, кое ќе ви овозможи и напредување и подобрување на финансиите. Запознавате случајно една интересна личност. Болки во грлото.

ЈАРЕЦ

Може да сте наклонети кон претерано трошење на парите. На време престанете. Не е време за такви работи. На емотивното поле не сте задоволни. Сметате дека партнерот станал претерано ладен и губите волја да се борите за него. Водете сметка околу исхраната.

ВОДОЛИЈА

Не сте претерано заинтересирани за работа. Попрво ќе ги одлговлекувате обврските. Тоа може да донесе долгорочни последици. Занесени сте и вљубени. Ве маѓепсала личност која скоро сте ја запознале. Проблеми со видот.

РИБИ

Поради сопствени нервози и несигурности може да изгубите добра шанса за работа. Пробајте да се соберете. Ќе имате шанса да се впуштите во тајна авантура. Сепак, пред тоа размислите какви последици ќе донесе таа врска. Проблеми со несоница.

05.12.2021 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега