Дневен хороскоп: Еден знак ќе доживее љубов на прв поглед

ОВЕН

Ве интересира друга работа. Пробувате преку фамилијарни врски да најдете нова работа. Брачниот однос е стабилен, без оглед на проблемите кои ги имате во другите сфери на животот. Солидно здравје.

БИК

Работата нормално се развива. Одличен ден за комуникација со претставниците на медиумите. Оставате впечаток на способна личност. Презадоволни сте од односот со брачниот партнер. Имате впечаток дека бракот е идеален и цврст. Стабилно здравје.

БЛИЗНАЦИ

Работата е стабилна. Надредената личност е задоволна од вашата работа и има планови со вас, кои и натаму не ги открива. Одличен ден за ново познанство. Другата страна ви делува силно, сексуално, привлечно. Стабилно здравје.

РАК

Ако се занимавате со приватен бизнис, имате одлична комуникација и соработка со странци. Ве очекува ново познанство. Ви се случува љубов на прв поглед. Фасцинирани сте од новиот познаник. Лоша циркулација.

ЛАВ

Ако се занимавате со приватен бизнис ве очекува успешен службен пат и договор врзан за финансии. Емотивното поле е лошо прикажано. Не сте задоволни од односот на другата половина и размислувате за прекин. Слаб имунитет.

ДЕВИЦА

Ако се занимавате со приватна работа, приморени сте да ја прекинете соработката. Атмосферата е непријатна. Емотивното поле не ве интересира, затоа што сте фокусирани на работни и здравствени проблеми. Хронични болести.

ВАГА

Ако се занимавате со приватна работа, минувате низ тежок период. Размислувате за затворање на фирмата. Ако сте слободни, нема нови случувања на ова поле. Дури сте во фаза кога не ве интересира дружење ниту излегувања. Стабилно здравје.

ШКОРПИЈА

Работата е во застој било да се занимавате со приватна работа или да работите за друг. Имате впечаток дека минувате низ најголемата криза во животот. Бракот е стабилен. Верувате дека тоа е единствена стабилна и светла точка во вашиот живот. Имунитетот е слаб.

СТРЕЛЕЦ

Работната ситуација е стабилна. Амбициозни сте и не размислувате за освојување на странскиот пазар. Имате проблеми со децата. Имате впечаток дека веќе немате контрола и ништо не ве слушаат. Партнерот има нешто пооптимистички став. Се чувствувате добро.

ЈАРЕЦ

Добивате нова понуда. Кога ја анализирате, наоѓате само предности и причини поради која треба да ја прифатите. Запознавате нова личност преку пријател. Првиот впечаток е дека поседува квалитети кои вие ги цените. Хронични проблеми.

ВОДОЛИЈА

Се распрашувате кај пријатели за нова работа. Тие ветуваат дека ќе се распрашаат и дека ќе ве инфомираат кога некоја шанса ќе се укаже. Не правите ништо по прашање на подобрување на односот со брачниот партнер. Се повеќе се оддалечувате еден од друг. Циркулацијата е слаба.

РИБИ

Ако се занимавате со приватен бизнис, запознавате личност која остава силен воечаток на вам и нудите работа. Односот со брачниот партнер не е најдобар. Имате впечаток дека е фокусиран на работа, и на пријателите, и дека ве игнорира. Недостаток на енергија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега