Дневен хороскоп: Овенот полн со самодоверба, Девицата емотивно незадоволна

ОВЕН

Полни сте со самодоверба, вредни и амбициозни. Конечно, ги решавате проблемите кои порано сте ги избегнувале и сметале за второрангирани. Емотивниот однос е во криза. Ниту вие, ниту другата страна не се трудите да го поправите тоа. Главоболка.

БИК

Уживате во работата. Јасно сте ги формулирале целите и сега со сигурни чекори идете кон нив. Не сте задоволни од емотивната врска. Влегла во рутина и нема возбудувања. Проблеми со алергиите.

БЛИЗНАЦИ

Вложувате максимални напори во работните обврски. Разочарани сте затоа што резултатите се послаби од очекувањата. Партнерот смета дека вашиот однос треба да премине на повисоко ниво. Се сложувате со тоа. Проблеми со притисокот.

РАК

Задоволни сте од соработка со странските партнери. Емотивно сте во процеп. Потребен ви е стабилен однос, но другата страна често прави работи кои не ви годат. Се чувствувате добро.

ЛАВ

Презадоволни сте од резултатите, особено што сте идејниот творец на истите Емотивно сте задоволни. Го продлабочувате новото познанство и сфаќате дека имате многу заеднички работи. Се чувствувате мрзеливо и уморно.

ДЕВИЦА

Загрижени сте поради стагнација на работа. Размислувате што да направите за да ја поттикнете работата. Емотивно не сте исполнети. Партнерот ви пружа поддршка што многу ви значи. Осцилации во притисокот.

ВАГА

Вашата интелигенција и шарм даваат одлични резултати. На работен состанок постигнувате договор со кој сте во потполност задоволни. Емотивно сте незадоволни, но го одложувате разговорот за проблемите со партнерот. Алергија е можна.

ШКОРПИЈА

Се обидувате да најдете решени за проблемите, но не успевате во тоа. Емотивно сте презадоволни. Жал ви е што саканата личност не сте ја сретнале додека сте биле слободни. Кондицијата ви е слаба.

СТРЕЛЕЦ

Одличен ден за работен разговор. Оставате поволен впечаток. Вие сте позаинтересирани за нова работа повеќе од што покажувате. Во емотивното поле нема нови случувања, ниту ве интересира премногу. Стабилно здравје.

ЈАРЕЦ

Со носталгија размислувате за старите работни партнери. Се прашувате дали е можна обнова на соработката. Емотивно сте задоволни. Слободното време го посветувате на партнерот. Проблеми со притисокот.

ВОДОЛИЈА

Соработка со колегите е на задоволително ниво. Опуштени сте затоа што работата се одвива според планираното. Односот со партнерот заладил и тоа се манифестира низ недостаток на комуникација. Уморни сте.

РИБИ

Обврските ве истоштиле, но свесни сте дека многу сте направиле. Не сте задоволни од односот со партнерот, па сакате состанок. Уморни сте, ви треба одмор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.10.2020 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега