До сега немаше терапија: Достапен лекот Пирфенидон за идиопатска белодробна фиброза

Министерството за здравство соопшти дека првпат во државава од денеска достапен е лекот Пирфенидон за пациентите со идиопатска белодробна фиброза, која спаѓа во групата на ретки болести. Досега, во нашата земја немаше терапија за овие пациенти.

– Идиопатска белодробна фиброза е заболување на белите дробови со брза прогресија и е изразито тешка болест која води до прогресивен пад на функцијата на белите дробови карактеризирана со тешко дишење, чести хоспитализации и лоша прогноза. Лекот Пирфенидон е прв избор за третман на идиопатска белодробна фиброза, ја стопира прогресијата на болеста, го намалува бројот на егзацербации и го подобрува квалитетот на живот. Преку програмата за ретки болести се обезбедени дополнителни седум милиони денари. Ова е петти нов лек за пациентите со ретки болести набавен во последните две години, стои во соопштението од Министерството. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2019 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега