Добила 150.000 економска помош – ги потрошила на шопинг

Американка која фалсификувала документи за да добие 150 илјади долари помош за претпријатија е обвинета оти сите пари ги потрошила купувајќи брендирани производи.

Купувала производи од марките Нејман Маркус, Луј Витон, Нордстом, а била и во продавници за дијамнти, соопшти Обвинителството од Северна Каролина.

24-годишната Џасмин Клифтон се пријавила за економска помош поради пандемијата, наведувајќи оти нејзиниот онлајн бизнис за продажба на облека е уништен поради рестриктивните мерки, иако всушност го затворила една недела претходно, пишува сајтот „The Hill“.

Таа прикажала документи со кои нејзината фирма приходувала 350 илјади долари годишно, иако документите покажувале и оти работата згаснала во септември 2019 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2021 - 23:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа