Добри вести: Чешка се откажа, Македонија ќе игра на СП во Египет

Македонската ракометна репрезентација ќе игра на Светското првенство во Египет, кое ќе се одржи од утре до 31 јануари. „Црвено – жолтите“ на Мундијалот ќе настапат на местото на Чешка, која се откажа поради голем број на чешки ракометари заразени со Ковид-19.

Оваа информација и официјално ја потврдија челниците на ИХФ на својата интернет страница

Чешка ни испрати официјално известување дека нема да учествува на Мундијалот во Египет. Согласно правилникот за натпреварување, за настап на СП ја повикавме репрезентацијата на Македонија, која беше прва резерва на нашата листа, се вели во соопштението на ИХФ.

Македонија ќе биде во групата Г заедно со Шведска, Египет и Чиле. Најдобрите три селекции во секоја група одат во наредната фаза. Македонија не доби шанса да игра бараж во јуни со Франција, па го имаше статусот на прва резерва.

За Македонија ова ќе биде седмо учетсво на светската сцена. Првиот беше во 1999 година во Египет, а потоа следеа СП 2009 во Хрватска, СП 2013 во Шпанија, СП 2015 во Катар, СП 2017 во Франција и СП 2019 во Данска и Германија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2021 - 19:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега