Додека работел врз него паднала количка - скопјанец со тешки повреди однесен во Градска

Скопјанец се здобил со тешки телесни повреди откако додека извршувал работни задачи врз него паднала количка.

-На 22.09.2020 во 00:50 часот во СВР Скопје, Е.Г.(48) од Скопје пријавил дека на 21.09.2020 околу 22:30 часот во фирма на ул.„Македонско Косовска Бригада“ во Скопје, додека извршувал работни задачи, се превртела количка и паднала врз него, по што бил пренесен во Градската општа болница„Св.Наум Охриски“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни  повреди. Се работи на расчистување на случајот - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега