Додека се чека обвинителството да го истражи Дрин Ахмети ја продаде Соравија

Додека Обвинителството да го истражи Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, за тоа како ја купи „Соравија“, кој се повлече од фирмата. „Тхор индустрис“ испрати и сооштение со кое навести дека ќе биде преземена од Texas American International Holdings Inc. и соопшти дека аквизицијата (преземањето) е „значаен потег кој сигнализира почеток на ново поглавје за Thor Industries LLC“.

„Дрин Ахмеди, извршниот директор кој беше на чело на компанијата како основач и сопственик на „Тор индустрис“, водејќи ја компанијата низ различни фази на раст и реструктуирање, ќе се повлече до крајот на годината“, стои во соопштението.

Код на Телма пред десетина дена објави дека во јули лани, Ник Назар Мехмеди основал фирма со влог од 3 милиони евра и со седиште на истата адреса како „Тхор“. Ник Мехмеди е сопственик на стриптиз барови во Далас, Тексас, а скопската фирма му се вика „Американ инвестментс“ и е регистрирана за консултантски услуги.

„Интеграцијата на „Тор индустрис“ во американската компанија претставува хармонично усогласување на вредностите и стратешките цели на двете фирми и се отвораат нови патишта за иновации, проширување на пазарот и подобри понуди на услуги за клиентите, се дополнува во соопштението.

Претходно, Обвинителството кажа дека предметот е во предистрага.

„Обвинителството се обрати до МВР, каде два сектора постапуваат по обвинителска наредба. Вклучени се и Управата за финансова полиција и УЈП. Се интересираме не само за купопродажбата на ‘Соравија’, туку и дали лицето за кое се интересирате е поврзано со незаконски дејства преку Фондот за иновации, проверуваме и преку Капетанијата, Дирекцијата за заштита на конкуренцијата и Централниот депозитар“

 

14.03.2024 - 09:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега