Дојави за бомби во осум средни училишта во Скопје - се евакуираат учениците

На меил адреси на осум средни училишта во Скопје денеска повторно била упатена закана за поставена експлозивна направа, информираа за МИА од МВР.

Станува збор за училиштата „Раде Јовчевски – Корчагин“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Панче Арсовски“, „Никола Карев“, „Владо Тасевски“ и „Михајло Пупин“ и „Цветан Димов“.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се презематаа мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Скопските средни училишта изминатиот период повеќепати добиваа закани за поставени бомби, за кои полицијата утврди дека биле лажни.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неодамна изјави дека станува збор за хибридни закани и оти очекува истрагата за лажните дојави на бомби наскоро да заврши.

01.12.2022 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега