Докторка од Чешиново-Облешево: Сите кои имале контакт со градоначалникот да се јават кај матичниот лекар

Матичната докторка на градоначалникот на Чешиново-Облешево, Јасминка Ајтовска преку статус на својот Фејсбук профил апелираше до своите сограѓаните кои биле во контакт со градоначалникот да се јават кај своите матични лекари, бидејќи вработени во општината биле позитивни на вирусот, но без симптоми.

„Почитувани сограѓани на општина Чешиново-Облешево...секој од Вас кој последните 10 дена бил во контакт со градоначалникот или со некој од вработените во општината...да се јави кај својот матичен лекар за понатамошни инструкции и лична заштита. Да не се создава паника...заболени од коронавирусот нема, но има позитивни од општинската зграда, кои се без симптоми“, напиша матичната докторката на градоначалникот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега