ДОМ: Честит Илинден

Зелената партија ДОМ на сите граѓани им го честита големиот празник Илинден, денот кога започнува Илинденското востание во 1903 година и кога е одржано Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.

„Втори август е еден од најзначајните датуми во македонската историја, кога се поставени темелите на создавањето самостојна македонска држава. 

Секоја година на 2 Август го славиме Илинден за да им одадеме почит на нашите предци, да оживее сеќавањето на стремежот и борбата на македонскиот народ за слобода и самостојност.

Нека факелот на борбата на македонските херои од двата Илиндена продолжи да го осветлува патот на демократскиот развој на современото македонско  општество.

Нека ни е честит и вековит  Илинден“, “, се наведува во честитката на ДОМ.

01.08.2022 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега