Донарума го игра 200. натпревар за Милан, а има само 21 година

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума против Сасуоло го игра 200. натпревар во дресот на „росониерите“.

Овој податок е особено импозантен ако се земе предвид дека има само 21 година.

Донарума е роден на 25 февруари 1999 година, а веќе се смета за искусен играч и еден од најдобрите голмани во светот.

За репрезентацијата на Италија заигра уште во 2016 година. Оттогаш запиша 16 настапи и со причина се смета за наследник на легендата чие име го носи, Буфон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2020 - 22:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега