Дорис Пак: Скопје заслужува да добие жена градоначалник

Дорис Пак, Претседател на асоцијацијата на жени во ЕПП со поддршка за Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Град Скопје.

Почитувани дами и господа,

Скопје конечно заслужува да добие жена за градоначалник, професионалец и докажан менаџер. Која ќе биде во служба на сите граѓани - Данела Арсовска.

Млада, силна и посветена жена професионалец како Данела, може и ќе направи промени за подобро и модерно Скопје.

Јас ја гледам Данела Арсовска како силен и посветен иден градоначалник на Скопје. Која ќе биде способна да ги имплементира неопходните реформи, во насока да обезбеди силен и функционален град, подобра инфраструктура и повеќе локални можности и услуги за сите граѓани.

Ова ќе ја врати довербата на граѓаните во институциите, во системот, и во политиката.

Како претседател на ЕПП Жени, јас и честитам на нашата сестринска партија ВМРО за поддршка на кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје.

Ѝ посакувам да го потврди големиот успех, нејзината голема победа во вториот круг на локалните избори на 31 октомври.

Се најдобро! Ви стискам палци!

28.10.2021 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега