Досега се аплицирани вкупно 1.397.773 дози вакцини

 

Од Министерството за здравство известуваат дека до денеска вкупно се аплицирани 1.397.773 дози вакцини, а ревакцинирани се 636.193 граѓани.

Согласно податоците на надлежните, вчера вкупно се вакцинирале 15.424 граѓани.  Од нив, прва доза вакцина примиле 2.728 граѓани.

Дополнително, процентуално гледано,54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина, 30% од населението над 18-39 години имаат примено барем една доза вакцина.

 

Здравствените власти потенцираат дека само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста.

 

 

 

 

 

14.09.2021 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега