Дожд и ветер во Македонија - од среда промена на времето

Под влијание на силно југозападно воздушно струење веќе е започнат транспорт на прашина и на песок што значи дека и атмосферата понатаму ќе биде доста заматена, информира метеорологот Славчо Попоски. Со оглед дека во текот на оваа ноќ ќе подпаднеме под влијание на влажен бран кој ќе донесе врнежи од дожд речиси насекаде, токму затоа дождот кој ќе врне ќе биде помешан со прашина и со песок односно ќе биде нечист. Локално врнежите ќе бидат нешто поинтензивни и се очекува да наврне околу 15 л/м2 воден талог.

Ќе започне да дува засилен ветер од југоисточен правец кој локално на моменти ќе достигнува брзина до околу 60 км/час. Веќе од среда ќе биде многу потопло па така насекаде температурите на воздухот ќе се искачуваат над 20 степени додека во најтоплите региони истите се очекува да достигнат до околу 30 степени.

Од четврток па натаму во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради значително загреаната атмосфера локално процесите можно е да бидат поинтензивни и во форма на невреме.

Понатаму биометеоролошките услови кај нас ќе бидат многу неповолни што значи дека особено кај метеопатите ќе се појават изразени здравствени проблеми па затоа најдобро е да се обратат кај својот лекар за совет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2019 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега