Дозволено 50 - возел 110: Полицијата приведе жител на Доброште
На 05.09.2025 во 15:10 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце , поточно во с.Теарце, го лишиле од слобода Ј.Р.(32) од с.Доброште, тетовско, кој управувал патничко моторно возило „рено меган" со тетовски регистерски таблици, затоа што при радарска контрола било утврдено дека во населено место, каде брзината е ограничена на 50 километри на час, возел со брзина од 107 километри на час. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок во врска со член 297- а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило".
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа