ДПА бара 24 часа полициски час и само еден час време за набавки

 Максимално можни часови да се воведат како полициски час во наредните две недели, побара Мендух Тачи претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА). На прес-коференција во партиското седиште тој истакна дека со тоа ќе се укаже на граѓаните дека во следните десет дена или две недели следи главната борба против вирусот.

-Затоа побарав од Владата место за викендот од 16 до 5 сабајле следните 10 дена или две недели да има полициски час 24 часа. И да се дозволи само еден саат, луѓето да купат тоа што им треба. Тој саат да не се дозволи за целиот град, за целата општина, туку да седнат централните и локалните власти да одредат одредени месни заедници. На пример Тетово две месни заедници имаат право на движење еден саат пример од 6 сабајле до 7 часот, други две месни заедници од 7 до 8 часот. Апел до граѓаните да не седат во група кога има полициски час. Поточно кажано тоа не значи да си одиме попладне еден кај други да пиеме чај и да си правиме муабет, истакна Тачи.

Тој со замерки до власта дека нема одговори на прашањата колку и каква опрема има за справување со коронавирусот.

-Ова нема врска со политички поени, го спомнуваме Тетово како клинички центрар затоа што имаме медицински факултет. Колку има специјални опреми, не маски и ракавици, специјални одела, за утре кога ќе се судрат со корона вирусот. Ни еден нема. Затоа што кога стварно имаме криза и во функционирање на нашиот здравствен систем, единствено оружје со кое треба да се бориме против ова зло ние забрана на движење, истакна Тачи. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега