ДПТ: Предлог измената на Законот за матична евиденција е неприфатлив за нашата партија

 

„Како Демократска Партија на Турците на Македонија (ДПТ), уште еднаш чувствуваме потреба да ја информираме јавноста околу предлог измената на законот за матична евиденција која е во собраниска процедура. Законот за измени и дополнување на законот за матична евиденција, кој две години по ред беше на дневен ред во собранието и беше симнат од дневен ред по интервенцијата на нашиот Претседател и Пратеник Др. Бејџан Илјас, дефинитивно е неприфатлив предлог за нашата партија и за нашите членови“, велат преку писмена реакција испратена до медиумите од ДПТ.

„Со промената на законот се дава право на граѓаните да го сменат својот пол само со изјава заверена на нотар, што во иднина ќе им овозможи и со промена на полот во личната карта да склучуваат и хомосексуални бракови.

Поради овие причини јасно и недвосмислено им пренесуваме на  тие кои го предлагаат овој предлог на закон и на оние кои ги поддржуваат овој и слични законски измени, дека како ТДП и како Турци кои живеат во нашата земја, категорично ќе се спротивставиме кон истите.

Ние сме длабоко убедени дека манипулацијата со биолошкиот пол, кој е создаден природно, со цел да се поддржи традиционалната семејна структура на нашето општество, е многу опасен предизвик за нашите идни генерации.

Како граѓани Турци на Република Северна Македонија, со голема почит ја информираме јавноста и објавуваме дека секогаш ќе стоиме против вакви и слични иницијативи кои се во спротивност со нашата традиционална семејна структура и нашите духовни вредности“, се наведува во нивната реакција.

27.06.2023 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега