Драма во аптека во Скопје: На сопственикот му се слошило, па починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал кусо откако објектот бил ограбен, јави МВР.

Тој не бил во аптеката за време на грабежот, туку стигнал 10 минути подоцна и му се слошило.

За кратко време со Итна медицинска помош бил однесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар е констатирана смрт.

Грабежот се случил синоќа по 20 часот, кога едно лице со закана со нож кон вработената го одзел дневниот промет.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

23.09.2021 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега