Драма во Драчево: Се степале тројца – „играле и ножеви“

Тројца мажи физички се пресметале во скопско Драчево, а употребен бил и нож, дознава Прес24. Инцидентот го потврдуваат и од Министерството за внатрешни работи.

-Денеска во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.10 часот на ул. Иван Хаџи Николов, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ф.(37) и Н.Ф.(46), и двајцата од Зелениково, од една страна и Д.А.(32) од с. Страхојадица од друга страна , во која бил употребен и остар предмет. Причина за физичката пресметка се претходно нарушени меѓусебни односи.Сочинети се записници по чл. 11 од ЗПП ЈРМ, велат од МВР.

Според неофицијални информации на Прес24, лицата немаат посериозни повреди, туку само посекотини.

04.12.2021 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега